• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ го поздравува одобрувањето на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д од Владата

ДУИ го поздравува одобрувањето на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д од Владата

Скопје, 7 март 2023

Демократската унија за интеграција го поздравува одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д од страна на Владата на Република Северна Македонија и воедно му честита на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10Д за финализирање на преговорите за изградба на овој историски проект.

Реализацијата на најголемата капитална инвестиција во историјата на Република Северна Македонија ќе придонесе не само за патната инфраструктура и нејзина модернизација, туку и за квалитетот на животот, економијата на земјата, како и за поквалитетно патно поврзување со соседните земји и со меѓународните коридори.

Демократската унија за интеграција им честита на граѓаните за ова историско достигнување.

Големиот проект Коридор 8 ќе се протега во должина од 68 километри со автопат со шест ленти што ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево и Струга до Ќафасан додека Коридорот 10-Д ќе ги поврзува Прилеп и Битола како проект кој ќе се протега во должина од 40 километри со шест ленти, а периодот на реализација на проектот е 6 години од почетокот на работите.

Големиот сон конечно се остварува!

Демократска унија за интеграција

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан