• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ в сабота ќе одржи промотивна конвенција за претседателскиот кандидат Бујар Османи

ДУИ в сабота ќе одржи промотивна конвенција за претседателскиот кандидат Бујар Османи

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“, Демократската унија за интеграција в сабота во 18 часот во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе одржи промотивна конвенција на нивниот кандидат за претседател Бујар Османи.

Ова го соопшти потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ 21.

-Што се однесува до претседателските избори, ги повикуваме сите граѓани, не само поддржувачите на ДУИ, да ја поддржат кандидатурата на Бујар Османи на промотивна конвенција што ќе се организира в сабота во 18 часот во Спортската сала „Кале“.Точно е дека ДУИ планира да одржи промотивна конвенција во салата „Борис Трајковски“ посветена на парламентарните избори. Уште не сме одлучило на кој датум ќе се одржи, има време. Бујар Османи на овие избори се натпреварува да победи, но нека биде и последниот претседател избран на овој начин што се избира денеска. Претседателот мора да го избира Собранието, како што се избира во парламентарната демократија - Грција, Албанија и Косово, рече Адеми.

Прашан околу преговорите за коалиционирање со другите партии, Адеми нагласи дека претседателот на партијата Али Ахмети има целосно овластување од партиските органи да води преговори со сите политички партии. Посочи дека кога ќе донесат конечна одлука, ќе ја споделат со јавноста.  

Голем дел од активностите и настаните кои беа планирани да се организираат во овој период веќе се одложени поради владините мерки за настанатата ситуација со коронавирусот, истакна на денешна

Во однос на финализирањето на листите на кандидати за пратеници, Адеми потенцира дека одлуката за формирање на листите ќе зависи и од договорите за коалицирање, а се уште нема одлука дали тој ќе биде носител на листа.

 Адеми соопшти дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

-Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт - со закон и кои одредби ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец, истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје вчера на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на петте јавни универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан