• петок, 26 јули 2024

Дрон погоди станбена зграда во Дњепар, од под урнатините извлечено машко тело

Дрон погоди станбена зграда во Дњепар, од под урнатините извлечено машко тело

Дњепар, 23 февруари 2024 (МИА) – Тело на маж е извлечено од под урнатини на повеќекатна станбена зграда погодена од руски дрон, јави Укринформ, повикувајќи се на шефот на регионалната воена управа Серхиј Лисак.

„Тело на маж беше извлечено од под урнатини на зграда во Дњепар, која беше уништена со дрон“, напиша Лисак на Телеграм и додаде дека продолжува потрага по жена која можеби била дома во моментот на нападот.

Претходно беше објавено дека руски дрон Шахед удрил во повеќекатна станбена зграда во текот на ноќта, при што биле повредени осум лица, од кои двајца се во болница.

И денеска, но во регионот Херсон, едно лице е повредено во напад со дрон по што морало да му биде ампутирана ногата, пренесе БТА. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан