• недела, 22 декември 2024

Драган Теодосиев најдобар млад македонски џез музичар

Драган Теодосиев најдобар млад македонски џез музичар

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев годинава ја доби наградата за најдобар млад македонски џез музичар, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал.

Теодосиев е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други.

Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“. Наградата на Теодосиев му беше врачена минатиот петок (20 октомври) пред самиот настап на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал.бт/са/

Фото/ Скопје џез фестивал

Остани поврзан