• петок, 05 јули 2024

Драган Мијалковски настапи на отворањето на Карпошово културно лето

Драган Мијалковски настапи на отворањето на Карпошово културно лето

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - Легендарниот Драган Мијалковски со своите безвременски хитови вчеравечер на платото пред „Млечен“ го отвори овогодинешното Карпошово културно лето.

По пет години пауза Мијалковски повторно се враќа на сцената, со што ќе ја одбележи својата богата 60-годишна кариера, како едно од најголемите музички имиња во нашата земја, но и на поранешните ЈУ – простори.

Пред многубројната публика се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој рече дека граѓаните на Општина Карпош последните летни денови ќе имаат можност да ги уживаат во музичките вечери.

- Вечерва ќе се навратиме на некогашните најдобри забави со хитовите на Драган Мијалковски, кој е одлична најава за почеток на Културно лето Карпош 2023, додаде Јакимовски.

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржува на две локации, на платото пред „Млечен“ и на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае. И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните. дма/са/

Фото:Општина Карпош

Остани поврзан