• петок, 05 декември 2025

Драганчо Саботковски од ВМРО - ДПМНЕ реизбран градоначалник на Општина Могила

Драганчо Саботковски од ВМРО - ДПМНЕ реизбран градоначалник на Општина Могила

Могила, 2 ноември 2025 (МИА) - Драганчо Саботковски, кандидат на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ е реизбран градоначалник на Општина Могила.

Саботковски денеска освои 2.070 гласови, со што ја потврди победата на овие локални избори и обезбеди нов четиригодишен мандат.

Старо-новиот градоначалник на Општина Могила, Драганчо Саботковски се смета за голем патриот, чесен човек со високи морални, лични и професионални квалитети, кој се залага за решавање на проблемите на граѓаните. Негова најголема амбиција е Могила да стане поубаво место на живеење, да биде инфраструктурно уредена и да се намали иселувањето на младите од општината. мт/дма/


Фото: Општина Могила

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан