ДПА: Украина евакуира област пред очекувана руска офанзива
- Украинските власти соопштија дека почнале со евакуација на повеќе од 200 локации во областа Суми во близина на границата со Русија, јави ДПА.
Киев, 20 мај 2025 (МИА) – Украинските власти соопштија дека почнале со евакуација на повеќе од 200 локации во областа Суми во близина на границата со Русија, јави ДПА.
Досега, 52.000 луѓе се однесени на безбедно, изјави денеска воениот гувернер на Суми, Олег Хрихоров, за украинската телевизија. Тој рече дека тоа претставува околу 60 проценти од вкупно 86.000 цивили кои подлежат на евакуација во населените места.
- Обезбедуваме транспорт, сместување, како и хуманитарна, финансиска и психолошка помош, рече Хрихоров.
Тој не прецизираше кога се очекува да заврши евакуацијата.
Областа Суми со месеци е цел на тешки руски напади. Воените експерти сметаат дека Суми е една од целите на очекуваната летна офанзива на Москва.
За време на викендот, руската војска со дрон нападна минибус кој требаше да донесе украински цивили на безбедно, во близина на градот Билопиља во регионот Суми. Во нападот загинаа девет лица. јт/
Фото: ЕПА архива