До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар
- Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.
-Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни. бд/дма/
Фото: МИА архива