• четврток, 04 декември 2025

До 15:00 часот излезеноста во Дебар 24 отсто, во Центар Жупа 17,12 проценти

До 15:00 часот излезеноста во Дебар 24 отсто, во Центар Жупа 17,12 проценти

Дебар, 19 октомври 2025 (МИА) - Се зголемува процентот на излезеност на гласањето на денешните локални избори во Дебар и Центар Жупа, а граѓаните немаат некои поголеми забелешки од нивниот тек.

-Во општина Дебар до 15 часот правото на глас го остварија 4962 или 24 отсто од вкупното гласачко тело. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори, изјави Рилинд Хаса, претседател на ОИК.

Граѓаните кои ги затекнавме на избирачко место немаат забелешки во однос на текот на гласањето.

- Го остваривме нашето уставно право. Се е добро организирано. Посакувам така да мине целиот изборен ден, па кој и да победи нека е за доброто на целата општина и жителите, рече граѓанин по гласањето.

Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК Неџип Илјаз, до 15 часот на гласање излегле 1 293 граѓанини или 17,12 отсто. И во оваа општина изборниот процес се одвива без проблеми. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан