До 15 часот во Струга излезеноста 27,5 отсто
- До 15 часот во Струга и Струшко во вториот круг од локалните избори излезеноста е 27,5 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Струга, 2 ноември 2025 (МИА) - До 15 часот во Струга и Струшко во вториот круг од локалните избори излезеноста е 27,5 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
За само 0,5 отсто е повеќе од првиот круг кога до 15 часот своето гласачко право го имаа остварено 27 проценти од вкупни 62.711 гласачи, според Државната изборна комисија, регистрирани во избирачкиот список.
Во Струга се гласа на 101 избирачко место, изборниот ден, според претседателот на ОИК тече мирно. сс/вј/
Фото: МИА