• петок, 05 декември 2025

До 11 часот во Куманово излезеноста 6,42 отсто

До 11 часот во Куманово излезеноста 6,42 отсто

Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Излезеноста во Куманово до 11 часот е 6,42 проценти, информираа од ОИК Куманово.

- Гласањето се одвива тековно, непречено, немаме пријавени проблеми со УБИГ апарати,  изјави претседателката на општинската изборна комисија, Кристина Цветковска.

Утрово, навреме беа отворени гласачките места, вкупно 164. Денеска, право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан