• петок, 26 јули 2024

До петок стабилно и потопло, за викендот дожд

До петок стабилно и потопло, за викендот дожд

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре и во петок наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка.

Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен. 

Минималната температура ќе се спушти до минус два, а масималната дневна ќе достиген 17 степени.

Фото: МИА архива

Остани поврзан