До крајот на работната седмица променливо време со повремен дожд
- Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд.

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Во следните денови времето ќе биде променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег. дма/са/
Фото: МИА архива