• петок, 22 ноември 2024

Дојави за бомби во училишта во Скопје и во Прилеп

Дојави за бомби во училишта во Скопје и во Прилеп

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Во осум училишта во Скопје и во две во Прилеп во тек се безбедносни проверки, откако утрово на нивните електронски адреси пристигнале закани за поставена експлозивна направа.

- Денеска, до 9:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се наведува во соопштението на МВР.

Според извори на МИА, меѓу скопските училишта каде се врши безбедносно евакуирање се гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ и Електротехничкото средно училиште „Михајло Пупин“.

Минатата недела четири дена имаше дојави за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, како и во четири во Прилеп и во две училишта во Куманово. По спроведените проверки МВР утврди дека сите дојави биле лажни. вг/сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан