Дочекот на Георгиевски утре во 19:30 часот на скопскиот плоштад
- Дочекот на Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот на плоштадот во Скопје.

Скопје, 28 јули 2021 (МИА) - Дочекот на Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот на плоштадот во Скопје.
Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри, објави МОК на својот профил на Фејсбук.
- Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех, истакна Георгиевски.
Македонскиот знаменосец од отворањето на Игрите во Токио, освои сребрен медал во категоријата +80 килограми. зс/