• среда, 26 јуни 2024

Дончиќ ја презеде одговорноста за поразот од Бостон

Дончиќ ја презеде одговорноста за поразот од Бостон

Бостон, 10 јуни 2024 (МИА) - Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ се обвини себеси за поразот од Бостон Селтикс со 98-105 во вториот натпревар од финалето на НБА. Словенецот го заврши натпреварот со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но направи и 8 фаули и шутираше 4/8 од пенал линија.

-Грешките и промашените удари од слободните од моја страна не чинеа натрпреварот. Морам да се справам многу подобро бидејќи на крајот од денот мораме да реализираме, за да победиме, рече Дончиќ по мечот.

Далас да заостанува со 0:2 во серијата пред двата домашни натпревари во Тексас. Третиот натпревар од пресметката се игра во четврток наутро во 2:30 часот по наше време. дс

Фото: Архива

Остани поврзан