• петок, 21 јуни 2024

Дончиќ на списокот на Словенија за Олимписките квалификации

Дончиќ на списокот на Словенија за Олимписките квалификации

Париз, 5 јуни 2024 (МИА) - Словенечката кошаркарска репрезентација го објави списокот на играчи на кои ќе се смета во претстојните квалификации за Олимписките игри во Париз. Она што ги радува сите кои таму ја следат репрезентацијата е фактот што на списокот се најде и името на Лука Дончиќ.

Најдобриот играч на Далас Маверикс и еден од најдобрите во светот моментално е во битка за НБА прстен против Бостон Селтикс. Финалната серија на најсилната лига на планетата започнува на седми јуни, а доколку се оди на седум натпревари (што воопшто не е невозможен исход), Лука би ги завршил обврските на 24 истиот месец.

Тоа значи дека би имал само осум дена пауза, до дуелот со Хрватска во Грција, па исходот од финалето во голема мера ќе зависи од тоа дали Словенецот ќе и помогне на својата репрезентација да се најде во Париз летово.

На списокот има 16 играчи, меѓу кои се докажани кошаркари како Јака Блажиќ, Клемен Препелиќ, Алексеј Николиќ и многу други. Во тимот по тешката повреда се враќа и Мајк Тоби, иако се шпекулираше дека тој нема да биде меѓу кандидатите за квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

Словенија ќе игра во група со Нов Зеланд и Хрватска, а првите две селекции ќе одат во елиминациската фаза. дс

Фото: Архива

Остани поврзан