• понеделник, 20 мај 2024

Дончиќ го забележа десеттиот трипл-дабл во сезоната во победата над Лејкерс

Дончиќ го забележа десеттиот трипл-дабл во сезоната во победата над Лејкерс
Далас, 30 март 2022 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ ноќеска постигна 34 поени, 12 скока и 12 асистенции во победата на домашен терен над Лејкерс со 128:110. Дваесет и тригодишниот Словенец го постигна својот прв трипл-дабл по речиси два месеци и 10. во сезоната. Дончиќ реализираше 12 од 23 од поле, 4 од 12 за тројка, 6 од 7 од линијата за слободни фрлања за 30 минути на теренот. На Лејкерс им недостигаа лидерите на тимот Леброн Џејмс, кој има проблеми со зглобот и Ентони Дејвис, кој е надвор од терените од 16 февруари поради повреда на стапалото. Маверикс (47-29) се на 4. место во Западната конференција од НБА-лигата додека Лејкерси (31-44) го претрпеа третиот пораз во низа и паднаа на 11. место. зс/

Остани поврзан