Донован кандидат за тренерското место во Филаделфија
- Поранешниот тренер на Оклахома, Били Донован стана кандидат за предводник на Филаделфија. Помошниот тренер на Клиперс, Тајрон Лиу е исто така меѓу кандидатите, според инсајдерот на „Атлетик“,
Њујорк, 9 септември 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Оклахома, Били Донован стана кандидат за предводник на Филаделфија. Помошниот тренер на Клиперс, Тајрон Лиу е исто така меѓу кандидатите, според инсајдерот на „Атлетик“, Сем Амик.
Оклахома сити објави дека повеќе нема да соработуваат со Донован, откако беа поразени од Хјустон во првото коло од плејофот (3:4).
Сиксерс го отпуштија менаџерот Брет Браун откако загубија со 0:4 од Бостон во првото коло од плејофот. зс/