Донација од специјално наменско противпожарно возило за пехчевските пожарникари
- Доброволното противпожарно друштво од Пехчево доби специјално наменско противпожарно возило. Возилото е донација од Операција Флоријан, а истото претходно е користено од Доброволното противпожарно друштво од Свети Николем со кое пехчевските пожарникари има добра соработка.
Пехчево, 20 декември 2024 (МИА) - Доброволното противпожарно друштво од Пехчево доби специјално наменско противпожарно возило. Возилото е донација од Операција Флоријан, а истото претходно е користено од Доброволното противпожарно друштво од Свети Николем со кое пехчевските пожарникари има добра соработка.
Од страна на ДПД „Св.Николе“ денеска беше извршено и свечено примопредавање на кое присуствуваше и градоначалникот на Општината, Александар Китански кој се заблагодари што идејата која започна пред повеќе месеци, денес се реализираше во целост.
-Пред неколку месеци имавме посета од претставници на Операција Флоријан од Англија, заедно со Доброволното противпожарно друштво од Св.Николе со кое нашето друштво има одлична соработка. И еве денес конечно ДПД Пехчево добива возило кое ќе биде од корист не само на Пехчево, туку и на околните места. Се надевам сораборката ќе продолжи и понатаму. Благоданрост на сите вклучени во реализација на оваа идеја. Се надеваме дека и во иднина ќе се опремиме со уште посоодветна опрема за да помогнеме секаде каде има потреба, рече Китански.
Возилото како што кажа претставникот на ДПД „Св,Николе", Кире Михајловски е специјално наменско навално возило за урбани пожари, кое во одредени околности се употребува и за пожари на отворен простор.
-Има 4 скали, најголемата скала е 14 метра, па десет и полметарска скала и уште две други скали. Има соодветна сигнализација, се надеваме дека ова возило ќе заврши голема работа. за да во иднина свесни се справиме со пожарите, иако свесни сме дека не можеме да се бориме со пожарите, кои се предизвикани од човекот. Се надевам и за самиот регион ова возило ќе даде некој нов акцент, истакна Мигајловски од ДПД Св.Николе, најавувајки дека како резултат на соработката ќе се залагаат пехчевските волонтери пожарникари да се доопремат со дополнително возило за шумски пожари.
Пехчевската единица на која претходното возило им изгоре во овогодишните пожари, како што додаде пожарникарот Дејан Вазлиски моментално брои околу 27 волонтери, а неговите очекувања се овие возила да се користат се помалку.
Марјан Митриновски, волонтер пожарникар од Пехчево додаде дека и тоа како се потребни возила, имајки предвид дека претходните четири до пет години Пехчево изгуби големи површини на ниско стеблести шуми. Изрази благодарност до ДПД „Св.Николе“ потенцирајки дека добро е да се има вакво возило кое најмногу би користело во хумани цели. вс/сст/
фото МИА