• понеделник, 07 октомври 2024

Донарума: Критиките не ме засегаат

Донарума: Критиките не ме засегаат

Париз, 7 октомври 2024 (МИА) - Голманот на Пари Сен-Жермен,  Џанлуиџи Донарума се осврна на синоќешното реми со Ница (1:1) во 7. коло од Лига 1.

- Првото полувреме не помина добро, мораме да играме подобро. Мора да додадеме на интензитет, ова е исклучително важно. Во вториот дел одигравме подобро. Многу сум лут што повторно примивме гол. Треба да бидеме поагресивни. Критиките не ме засегаат, јас сум подготвен за тоа, изјави Донарума за „L’Equipe“.

Италијанецот изминатите неколку дена е критикуван во француските медиуми поради лошите изданија на неколку натпревари на ПСЖ. Се шпекулира дека му е загрозено и местото во почетниот состав.

По седум кола ПСЖ е на второто место во поредокот во Француското фудбалско првенство со 17 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан