• недела, 22 декември 2024

Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна

Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна

Вашингтон, 18 ноември 2024 (МИА) – Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, ја критикуваше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел ATACMS за напади на руска територија.

- Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се увери дека Третата светска војна ќе почне пред татко ми да има шанса да постигне мир и да спаси животи. Треба да се спасат трилиони. Имбецили!, напиша Трамп помладиот.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводи на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија, а потоа, како што пренесува „Фигаро“, истото го направиле и Франција и Велика Британија, дозволувајќи употреба на ракети SCALP/Сторм шедоу. јт/

Остани поврзан