ДОМ: Чист воздух за Скопје – нула емисии од Цементарата Титан Усје
- Во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновоување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје“, ДОМ уште еднаш ги истакнува и посочува стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот, велат од ДОМ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 13 март 2026
Во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновоување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје“, ДОМ уште еднаш ги истакнува и посочува стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот, велат од ДОМ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.
Како одговорна зелена партија, јавно укажуваме и апелираме до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) по јавната расправа и при обновата на дозволата, од страна на цементарата „Титан Усје“ мора да бидат безусловно исполнети следните барања:
· НУЛА“ емисии во рок од 6 месеци: Итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички (PM10 и PM2.5), како и системи за десулфуризација и денитрификација за запирање на емисиите на сулфур диоксид (SO2) и азотни оксиди (NOx).
· 24/7 Јавен дигитален мониторинг: Податоците од оџаците да се емитуваат во живо на веб-страницата на МЖСПП и на јавни екрани во општината Кисела Вода.
· Заштита од токсини: Задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен (Activated Carbon Injection) и вреќасти филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните. Со ова ќе се гарантира дека ниту една канцерогена материја нема да се испушта во воздухот додека трае процесот на преселување.
Исто така предлагаме паралелно со овие процеси да се разгледува и можноста за воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер“ – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет. Тврдењата дека дислокацијата е „невозможна мисија“ се должат на застарени економски модели. Потребно е да се размислува стратешки со цел да се најдат оптималните и најдобри решенија од кои бенефит ќе имаат државата и граѓаните, а не приватните корпорации на кои најважен и примарен им е профитот без разлика на последиците.
Граѓаните на Скопје заслужуваат чист воздух и економски развој со хуман пристап, а не по цена на здравјето.
ДОМ