• четврток, 16 мај 2024

Доколку Англија или Шкотска се пласираат во полуфиналето на ЕП пабовите ќе може да работат до еден часот по полноќ

Доколку Англија или Шкотска се пласираат во полуфиналето на ЕП пабовите ќе може да работат до еден часот по полноќ

Лондон, 8 мај 2024 (МИА) – Пабовите во Велика Британија ќе можат да го продолжат работното време до еден часот по полноќ доколку Англија или Шкотска стигнат до полуфиналето на Европското фудбалско првенство летово во Германија, соопшти британската Влада.

Поголемиот број пабови во Велика Британија се затвораат до 23 часот, но Владата може да нареди продолжување на работното време.

Продолжувањето на работното време важи во Англија и во Велс, додека Шкотска и Северна Ирска ќе одлучуваат независно. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан