• среда, 17 јули 2024

Дождот го одложи за еден час почетокот на Ф1 трката за ГН на Сингапур

Дождот го одложи за еден час почетокот на Ф1 трката за ГН на Сингапур
Сингапур, 2 октомври 2022 (МИА) – Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур не стартуваше во 14 часот. Причина за одлагањето на почетокот е дождот кој паѓа во Сингапур. На патека „Марина Беј“ треба да се одржи првата трка по 2019 година. Ова ќе биде 17-та трка сезонава во Формула 1, по која постојат теоретски шанси Макс Верстапен втор пат по ред да ја освои шампионската титула. Дождот во меѓувреме престана, па се очекува во 15:05 часот болидите да го почнат пробниот круг. зс/

Остани поврзан