• вторник, 23 април 2024

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2023“

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2023“

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2023“. Како што соопштија од МИМ, ќе бидат доделени наградите во три категории и тоа за: Најдобра истражувачка сторија, Најиновативен новинарски производ и Најдобра репортерска фотографија.

На годинешниот конкурс што беше објавен на 31 јануари и траеше до 26 февруари, 2024 во категоријата Најдобра истражувачка сторија пристигнале 39 стории, обработени во 175 текстови, односно видео прилози,15 стории обработени во 16 текстови, односно видео прилoзи, во категоријата Најиновативен новинарски производ и 21 фотографија во категоријата Најдобра репортерска фотографија.

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов. вг/ев/    

Фото: МИА  

 

Остани поврзан