• недела, 22 декември 2024

Доделени 48 ваучери од  по 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино

Доделени 48 ваучери од  по 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино

Неготино, 8 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов, додели 48 ваучери од  по 7.000 денари за новороденчиња од неготинска општина, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при Локална самоуправа Неготино. 

- Вчера во салата за состаноци на општината Неготино, во присуство на родители со принови во семејството, градоначалникот им додели вкупно 48 вредносни ваучери во висина од по 7.000 денари за новороденчиња од неготинска општина, за што од општинскиот буџет се издвоени средства од 336.000 денари, појаснија од општинската Служба за информирање. 

Оттаму потсетија дека станува збор за финансиска поддршка што се доделува во континуитет и со однапред утврдена динамика, а како еден вид скромна поддршка за младите родители.

- Родителите изразија благодарност за поддршката што ја добија од општината Неготино, а градоначалникот  им посака нивните најмили да бидат здрави и среќни, информираа од општинската прес служба. свс/дма/


Фото: Општина Неготино 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан