• четврток, 09 мај 2024

Доделени наградите од Главната вечер на Струмичкиот карневал

Доделени наградите од Главната вечер на Струмичкиот карневал

Струмица, 19 март 2024 (МИА) - Организациониот одбор на Струмичкиот карневал вечерва им ги додели наградите на најдобрите маски кои учествуваа на Главната карневалска вечер што се одржа во саботата. Покрај наградите, на сите учесници им беа доделени плакети по повод 30 годишното членство на Струмичкиот карневал во FECC (Федерација на карневалски градови на Европа).

Струмичката гимназија „Јане Сандански“, која на почетокот на карневалските празнувања организираше изложба на нивните маски од досегашните учества на Карневалот, доби медал од FECC.

Според претседателот на ОО на Струмичкиот карневалот, Александар Цицимов, сите учесници се победници на годинашниот карневал, односно победник е Струмичкиот карневал, кој пред многубројните гости покажа дека навистина е „Струмичко чудо“.

Осумдневните карневалски празнувања завршуваат утре со организирање на традиционалниот Тримерски ручек по повод празникот на армасаните (верените) девојки и враќање на клучот на градот од страна на карневалистите на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан