• понеделник, 01 јули 2024

Доделени дипломи и признанија за најдобрите математичари од Охрид

Доделени дипломи и признанија за најдобрите математичари од Охрид
Охрид, 31 мај 2022 (МИА) - Педесет и четири најдобри математичари од Охрид денеска добија дипломи и признанија за постигнатите резултати од регионален и државен натпревар по математика на свеченост што се одржа во големата Општинска сала. Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој на најдобрите млади математичари им посака поголеми успеси во иднина. - Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи и да ги мотивира сите ученици, кои остваруваат исклучителни образовни успеси, како и сите активности кои придонесуваат за подобрување на условите во наставниот процес, рече Пецаков. Дипломите и признанијата ги доделува Здружението на математичари од Охрид, врз основа на постигнатите резултати од регионален и државен натпревар по математика за учениците од основно и средно обазование за учебната 2021/2022 година. Нивните наставници и префесори добија сертификати за успешно менторство. сс/сх/

Остани поврзан