• недела, 22 декември 2024

Довербата во Тен Хаг почнува да се исцрпува

Довербата во Тен Хаг почнува да се исцрпува

Манчестер, 1 април 2024 (МИА) - Разочарувачката серија на Манчестер Јунајтед веќе се гледа како лош знак за иднината на клубот од страна на новиот инвеститор Сер Џим Ретклиф и неговиот тим. Екипата на Ерик тен Хег повторно одигра лошо во ремито 1:1 со Брентфорд во западен Лондон во саботата вечерта.

Тимот на Ретклиф во оваа фаза нема намера да прави драстични промени во фудбалскиот дел од клубот, но позицијата на холандскиот менаџер не е нималку сигурна, откако новиот акционер во Манчестер Јунајтед не е задоволен ниту од играта, ниту од резултатите на „црвените ѓаволи“ под Тен Хаг.

Ретклиф верува дека фудбалската филозофија на Холанѓанецот е „неодржлива на долг рок“ и според него не е добра за иднината на клубот, тврди „Телеграф“.

Ерик тен Хаг сепак ќе добие шанса да ги премисли новите раководни тела на фудбалските операции на Манчестер Јунајтед, а ќе се разговара и за опциите за нов менаџер во клубот од следната сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан