• петок, 17 мај 2024

Доброволна работна акција во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во село Кнежино

Доброволна работна акција во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во село Кнежино

Кичево, 23 октомври 2021 (МИА) - Поголема група доброволци од Кичево и околните села, спроведоа доброволна работна акција во манастирот „Свети Ѓорѓија“ или попознат како Кнежински манастир. Во рамки на оваа акција беа откорнати цвеќињата што беа засадени во текот на пролетта, заменети со нови есенски ,засадени  дваесет стебла чемпреси, се чистеше и уредување на манастирскиот двор, поставени се и нови рабници крај цветната патека.

- Поголема група доброволци од Кичево и околните села од обата пола, се вклучија во доброволна акција на средување на дворот на Кнежински манастир. При денешната акција беа откорнати цвеќињата што беа засадени во текот на пролетта и на нивното место засадивме нови есенски цвеќиња. Поставивме рабници помеѓу патеката и цвеќињата по целата должина на просторот, истакна Ивица Мисајлески, верник и редовен учесник на  овие доброволни работни акции во манастирот.

На влезот од манастирот се засадени 20 млади чемпреси кои се обезбедени од сопствени средства од доброволните граѓни.

Мисајлески посочи дека во оваа акција ја покосиле тревата околу манастирот и манастирските конаци и за само еден ден целосно го промениле изгледот на околината на Кнежински манастир и нагласи дека слични акции во манастирот се организирале и во текот на пролетта кога се организира косидба.

- Слични акции во манастирот спроведуваме и во текот на пролетта кога се коси  и собира тревата и се чисти ѓубрето околу манастирот и манастирските конаци и се засадува пролетно цвеќе , додава Мисајлески.за/фф/

Остани поврзан