• понеделник, 27 јануари 2025

ДНК од птици пронајдена во двата мотора на урнатиот јужнокорејски авион

ДНК од птици пронајдена во двата мотора на урнатиот јужнокорејски авион

Сеул, 27 јануари 2025 (МИА) - Двата мотори на авионот што се урна во Јужна Кореја кон крајот на декември, при што загинаа 179 луѓе, покажуваат траги од удар на птица, се вели во извештајот на прелиминарната истрага објавен денеска.

Јужнокорејските истражители рекоа дека на моторите биле пронајдени пердуви и дамки од крв кои припаѓаат на видот шареноглава патка. Патката преселница главно се наоѓа во Сибир, но презимува во Источна Азија.

Пилотите пријавиле удар на птица непосредно пред несреќата да слета на меѓународниот аеродром Муан во провинцијата Џеола, околу 288 километри југозападно од Сеул.

Во прелиминарниот извештај се вели дека и рекордерот за податоци на летот и диктафонот во пилотската кабина престанале да снимаат околу четири минути пред фаталниот удар. Точната причина за ова се уште не беше позната.

Во декември Боингот 737-800 се лизна по писта, се удри во бетонски ѕид и се запали.

Во него имало 181 лице, од кои 179 биле убиени. Двајцата преживеани биле членови на екипажот. Освен двајца тајландски државјани, сите останати биле корејски државјани.

Инспекторите соопштија дека во следната фаза од истрагата, моторите на авионот ќе бидат демонтирани и поединечните компоненти темелно ќе се испитаат. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан