• петок, 22 ноември 2024

ДКСК во врска со повикот на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ за отворање предмет во врска со набавката на лиценци

ДКСК во врска со повикот на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ за отворање предмет во врска со набавката на лиценци

Скопје,19 септември 2023 

Во врска со јавно упатениот повик на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од страна на Владата на Република Северна Македонија, со наведување дека „како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот“, Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека во ДКСК е оформен предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.

Предметот, согласно со деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа и постапувањето по истиот е во тек.

Државна комисија за спречување на корупцијата

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан