• понеделник, 23 декември 2024

Дијаспората испратила во Косово 1,2 милијарди евра од почетокот на годината

Дијаспората испратила во Косово 1,2 милијарди евра од почетокот на годината

Приштина, 27 ноември 2023 (МИА) – Централната банка на Косово објави дека вредноста на средствата што дијаспората ги испратила во земјата од јануари до октомври годинава изнесува милијарда и 200 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според статистичките податоци за ремитентите и другите финансиски институции, што ги објави денеска Централната банка на Косово (ЦБК), вредноста на средствата кои дјаспората годинава ги испратила до косовските граѓани во месец октомври 2023 година изнесува 110,5 милиони евра.

Најголемиот прилив на вакви дознаки, според ЦБК, имало од небанкарските финансиски институции, со учество од 60,4 отсто, по што следат останатите канали со 24,2 отсто и банките со 15,4 отсто.

Во денешната објава на ЦБК се даваат податоци и за имотот на осигурителните компании, според кои до септември нивната вредност изнесувала 300,4 милиони евра, додека средствата на пензиските фондови достигнале вредност од 2,6 милијарди евра.

ЦБК, исто така, објави дека средствата на другите финансиски посредници на крајот на октомври 2023 година се зголемени за 17,6 милиони евра во однос на претходниот месец, достигнувајќи вредност од 496,5 милиони евра. иа/сд/

Остани поврзан