• понеделник, 23 декември 2024

Дијалог Жан Моне: Усогласени 90 отсто од прашањата, Деловникот ќе го носи следниот собраниски состав

Дијалог Жан Моне: Усогласени 90 отсто од прашањата, Деловникот ќе го носи следниот собраниски состав
Скопје, 1 февруари 2020 (МИА) - На третиот дијалог во рамки на Жан Моне процесот во Собранието, пратениците ги приближиле ставовите и се согласиле за одредени аспекти за реформите на Деловникот, кои треба да ги донесе следниот парламентарен состав, но сепак остануваат и клучни разлики, е истакнато денеска на прес-конференција во Парламентот по завршување на третиот дијалог во рамки на Жан Моне процесот. - Со третиот дијалог се согласивме за сите клучни аспекти за реформи на Деловникот и ја потврдивме нашата постојана посветеност за зајканување на демократските процеси. Ние ги ставаме нашите политички разлики настрана за да консолидираме нашата работа на Деловникот. Направивме значајни реформи и оставаме важно наследство за новиот пратенички состав во форма на усогласен текст за измените на Деловникот, што е анектиран во овој документ, како интегрален дел на заклучоците на третиот Жан Моне дијалог, со што одредени прашања остануваат да се разгледаат во наредниот парламентарен состав, рече спикерот Талат Џафери на прес-конференција. Според спикерот Џафери, во 90 проценти од прашањата за измените партиите постигнале согласност, но сепак, новиот Собраниски Деловник е оставено да се донесе по изборите од новиот собраниски состав. - Има дел во разликите по однос на критериумите за избор на идниот генерален секретар, и помошниците генерални секретари, во делот на допрецизирање во формално технички аспект да се доформулираат, нема разлики во однос на политичката определба за воспоставување принципи за идниот генерален секретар, и околу потребата за усогласување на нештата со уставните измени, имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборие, тој дел го оставивме за наредниот состав да го допрецизира, за да не влеземе во политичка дебата во предизборието, рече Џафери. Во однос на тоа дали има договор за ограничувањето на конститутивната седница и дали имаа гаранции дека нема да се повтори сценариото од 27 април, Џафери рече дека се согласиле за тајмингот за почнување и за завршување на таа седница, но во суштина ова нема да се усвои до конституирање на следниот парламентарен состав. - А за гаранциите дека нема да се повторни сценариото јавно ќе повторам, бидејќи е моја надлежност. како претседател на Собранието да свикам седница согласно постојните правила, да раководам со истата седница до избирање на новиот претседател на Собранието. Гаранција е мојот збор, така што нема да видите такви сцени на следната конститутивна седнива, истакна собранискиот спикер. Џафери потсети дека Дијалогот е клучен инструмент за градење консензус во нивната работа во  актуелниот парламентарен мандат и помогнал во унапредување на евроинтеграцискиот процес, спроведен со реформите, вклучително и институционалните реформи во Собранието. Рече дека со процесот Жан Моне демонстрираат посветеност за правење стратешки реформи и за прифаќање на новиот дух на парламентарен дијалог, при што постигнале конкретни резултати за, како што рече, зајакнување на Собранието во овој критичен момент на патот на нашата земја кон членството во ЕУ. - Веруваме дека земјата ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ. Во овој контекс ние изразуваме благодарност до Европскиот парламент за непоколебливата поддршка и успешниот исход од Самитот на претседатели на Европскот парламент за Западен Балкан што се одржа  во Брисел 28 јануари годинава.  Го охрабруваме Европскиот парламент да осигури континуитет во поддршка на земјите на Западен Балкан. Исто така го поздравуваме предлогот на Европскиот парламент за вклучување на парламентите од регионот на конференцијата за иднината на Европа, со цел да се осигури гласот на нашите граѓани и да биде вклучен во оваа значајна стратешка рефлексија на нашата заедничка иднина, рече Џафери. Истакна дека во очекување на новата методологија за проширување, Собранието е подготвено да одигра поголема улога во таа насока. - На самиот крај се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог за имплементација  на реформската агенда за ЕУ и за институционалната реформска агенда, како и за пошироки теми од заемен интерес за раководството, координаторите и претставниците на парламентарните партии во Собранието во новиот мандат на Собранието, истакна Џафери. Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, рече дека двата дена дијалог поминале во позитивна атмосфера и ја завршиле работата со изработка на нов Деловник на Парламентот на Северна Македонија, со што како што рече, со цел во иднина новиот состав на Собранието да работи поефикасно и со поголем фокус на политичките прашања, а помал фокус на тактизирање и блокирање. Рече дека идејата за Жан Моне на ЕП беше да биде неутрален партнер во процесот и тоа треба да се има предвид особено во предизборниот период. - Знаеме дека во сите интервјуа на политичките партии и надвор од вашата земја се фокусираат на одредени конкретни прашања. И тоа што не сакавме да го направиме е да земеме една точка од овие прашања и да интервенираме по неа во овој изборен период. Сакам да подвлечам дека сите политички лидери беа исклучително конструктивни за решавање на проблемите што беа посочени, и за изборот на генералниот секретар, за календарот, за времето за дебатирање. А она што не можеме да го направиме особено пред изборите е да дадеме одговори за она што некои од партиите би сакале да го посочат на нивните предизборни плакати, рече Шидер. Потврди дека се договориле за измени на Деловникот и тие ќе бидат префлени на новиот состав што ќе треба да ги усвои во најбрз можен рок, кога ќе ја започне својата работа. - Сметам дека ова е добро затоа што сега се наоѓаме во предизборен период и во таков период беше возможно да се договориме со сите политички партии во земјава за суштината на овој Деловник и неговата содржина. Исто така  се обврзавме по изборите тоа да биде применето во пракса, истакна Шидер. Тој повтори дека интересот на ЕП за проширувањето кон Западен Балкан беше обновен и зајакнат. - Постои голем парламентарен пат исто така во пристапниот процес и не знам дали ќе можеме да одлучиме за тоа наскоро, но на конференцијата за реформирање на Европа, што ќе почне на 19 мај, би сакале да ги вклучиме и парламентите на земјите кандидатки и сметам дека важно е да разбереме дека парламентарците не се поделени само на владејачки партии, опозициски партии, туку тие и имаат обврски што мораат да ги завршат, истакна тој. Подвлече дека ЕП отсекогаш бил и ќе биде сојузник на сите политички семејства со цел во најкус можен рок отворање на преговори. Додаде дека по формирањето на новиот парламентарен состав ќе почне четвртиот дијалог Жан Моне, затоа што покрај Деловникот има и многу други прашања за кои треба да се дискутира. Известувачот на ЕП за Северна Македонија Илхан Ќучук рече дека и во иднина ќе соработуваат и со власта и со опозицијата, бидејќи има потреба од позајакната соработка кога станува збор за идните реформи поврзани со ЕУ. - Собранието има водечка улога во парламентарната демократија. Клучниот процес на реформирање на  на земјата оди преку демократски постапки преку постигнување консензус меѓу политичките партии и различните чинители во општеството. Транспаретноста предвидливоста и инклузивноста, се главниот дел на парламентарната демократија. Ние сме пријатели на Северна Македонија и ќе продолжиме со нашиот цврст став, ќе бидеме пријатели и во лошо и во добро. Тука ќе бидеме да ви помогнеме да постигнете добри резултати што се важни не за политичката елита на земјата, туку најважно за граѓанското општество и за луѓето на Северна Македонија, рече Ќучук. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека решиле неколку технички прашања. -  Покрај другите решенија, најбитно е што успеавме да ја решиме злоупотребата на европското знаменце на законите што доаѓаат од Влада, а во изминатиот период од три години имавме многу такви случаи. Го поздравувме повлекувањето на предлогот на ограничување на дискусијата на три дена од страна на СДСМ на пленарна сесија, со што јасно укажува на фактот дека се спремаат за опозиција и не сакаат да ја ограничат дискусијата. Како и да е, го затвораме дијалогот за промени на Деловникот за овој пратенички состав, останува солидна основа за дијалог и за затворање на спорните прашања на следниот пратенички состав, рече Мицевски. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, го повтори ставот дека оставаат добра основа за следниот пратенички осстав да продолжи да работи на овој начин, или по овој пат со надеж, како што рече, дека тоа што се случуваше во минатото никогаш повеќе нема да се повтори. Првите две средби во рамки на Жан Моне дијалогот се одржаа во Охрид и во Скопје со европратениците од минатиот состав на ЕП Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. нд/ац/

Остани поврзан