Дискусија за менталното здравје на младите и социјалните медиуми
- На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи дискусија за менталното здравје на младите и социјалните медиуми во организација на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет во Скопје.

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи дискусија за менталното здравје на младите и социјалните медиуми во организација на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет.
Панелистите ќе се обидат да дадат одговор на главното прашање - Дали социјалните медиуми му штетат или го унапредуваат менаталното здравје на младите.
Како што е најавено, ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, Артур Ајвазов, заменик-претставник на УНИЦЕФ, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ - претставник од УНФПА и Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. мд/вг/
Фото: МИА архива