• петок, 05 декември 2025

Дирекцијата за ТИРЗ го запира Договорот за државна помош за компанијата е.ГО

Дирекцијата за ТИРЗ го запира Договорот за државна помош за компанијата е.ГО

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата е.ГО и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

-Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

-За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации, посочуваа од Дирекција за ТИРЗ.

Компанијата е.ГО требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан