• петок, 22 ноември 2024

Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Тел Авив, 8 мај 2024 (МИА) - Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување.

Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро - Хамас, Израел, САД, Египет и Катар - го поддржаа обновувањето на преговорите.

Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат.

Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите.

Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан