• недела, 16 март 2025

Директорот на српската полиција: Нашата проценка од 107.000 учесници е многу реална, тоа беше исклучително масовен собир

Директорот на српската полиција: Нашата проценка од 107.000 учесници е многу реална, тоа беше исклучително масовен собир

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Проценката на полицијата за 107.000 присутни на вчерашниот протест е многу реална и  досега нашите податоци од такви настани се покажале како многу точни, изјави денеска в.д. директорот на српската полицијата Драган Васиљевиќ, јави МИА од Белград.

„Не беше лесно да се одреди бројот бидејќи повеќето од учесниците беа во движење, а само мал број беа статични. Тоа е исклучително голем број присутни на собирот“, изјави Васиљевиќ за РТС.
„Поголемиот дел од вчерашниот протест во Белград беше мирен, повеќето протестираа мирно, а најмногу инциденти имаше меѓу самите учесници“.
Васиљевиќ изјави дека во текот на ноќта било приведено 31 лице, главно поради нарушување на јавниот ред и мир и оштетување имот, наведувајќи дека биле уништени тракторите паркирани претходните денови околу Пионирски парк во Белград.
Васиљевиќ истакна дека полицијата вчера не употребила звучен топ.

Архивот на јавни собири процени дека на улиците вчера на протестот 15-за-15 имало меѓу 275.000 и 325.000 луѓе. зш/
фото МИА

Остани поврзан