• сабота, 29 јуни 2024

Директорката на Царинската управа Кутиров на работна средба во Рим со колегите од Албанија, Италија и Црна Гора

Директорката на Царинската управа Кутиров на работна средба во Рим со колегите од Албанија, Италија и Црна Гора
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров денеска оствари работна средба со директорите на Царинските управи на Албанија, Италија и Црна Гора во Рим, заедно со високи претставници на ЦЕФТА Секретаријатот и Меѓународната транспортна заедница. Како што информираат од Царинската управа, за време на работната средба бил потпишан Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинските управи на Албанија и Црна Гора со Царинската управа на Италија, следејќи го примерот на Северна Македонија и Грција, од самитот во Солун во јули оваа година, на кој беше потпишан првиот меморандум со земја-членка на Европската Унија за воспоставување на електронска размена на податоци помеѓу двете земји. - Кутиров истакна дека размената на податоци пред пристигнување на стоките помеѓу земјите од регионот е од големо значење како за олеснувањето на царинските процедури, за поефикасни контроли, а дополнително придонесува и за забрзување на транспортот и трговијата во регионот, се вели во соопштението. Сите страни изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и планирање на заеднички идни активности. ки/дма/

 

Остани поврзан