• понеделник, 23 декември 2024

Динамо официјално го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз во ЛШ

Динамо официјално го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз во ЛШ


Загреб, 19 септември 2024 (МИА) – Хрватскиот фудбалски првак Динамо Загреб му врачи денеска отказ на тренерот Сергеј Јакировиќ и за негов наследник на должноста привремено го назначи Сандро Перковиќ.
Јакировиќ (47) си замина по ремито со Риека и поразот од Хајдук во хрватското првенство и високиот пораз во Минхен од Баерн (2-9) во првото коло од Лигата на шампиони.
Јакировиќ на клупата на Динамо седна на крајот на август лани, кога пристигна од Риека.
„Динамо сака да ја информира јавноста дека е договорен меѓусебен раскин на договорот со поранешниот тренер на сините, Сергеј Јакировиќ. Првиот тим ќе го предводи поранешниот член на стручниот штаб Сандро Перковиќ во краток рок додека не се донесе одлука за ново долгорочно тренерско решение“, објави Динамо во чиј редови настапуваат поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан