• четврток, 26 декември 2024

Димитријевиќ МВП на четвртиот квалификациски круг

Димитријевиќ МВП на четвртиот квалификациски круг

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е МВП на четвртото коло од квалификациите за Евробаскет 2025.

Македонецот успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата во неделата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.

За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки. Ова беше доволно за индекс 40, највисок во колото.

Во ТОП 5 на ФИБА се најдоа и Чеди Осман, кошаркарот на Турција (роден во Охрид), имаше 36 индексни поени, Камар Болдвин од Грузија, Матеуш Понитка (Полска) и Ондреј Балвин од Чешка. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан