Димитријевиќ МВП на италијанскиот Суперкуп
- Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ вечерва го освои Суперкупот на Италија со Олимпија Милано по победата над Болоња со 98:96 (по продолжение).

Болоња, 22 септември 2024 (МИА) - Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ вечерва го освои Суперкупот на Италија со Олимпија Милано по победата над Болоња со 98:96 (по продолжение).
Македонецот за 35 минути поминати на теренот постигна 16 поени, шест асистенции и пет скока.
Димитријевиќ и претходните две сезони има освојувано индивидуални признанија (МВП) настапувајќи во руската ВТБ лига за УНИКС Казан. зс/
Фото: Фејсбук Олимпија Милано