• недела, 22 декември 2024

Димитриевски: Со справувањето со инцидентите државата покажа дека функционира, апелот на СДСМ за лидерска средба е политичко лицемерие

Димитриевски: Со справувањето со инцидентите државата покажа дека функционира, апелот на СДСМ за лидерска средба е политичко лицемерие

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Инцидентите што се случија за време на прославата на Денот на албанското знаме се за секва осуда. Тие беа тест за извршната власт и државата покажа дека функционира, вели претседателот на движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски.  

-За секаква осуда се немилите настани што се случија за време на прославата на Денот на албанското знаме. Едно е да се унапредуваат права на заедници, секој треба да го сака своето, но да го почитува туѓото. Во овој случај факт е дека сите оние најави кои што претходеа од страна на ДУИ, во еден дел де факто се реализираа, имаше порттикната толпа и се злоупотреби овој ден, наместо да биде празник за сите наши сограѓани Албанци, излезе од контрола. Првично честитки за полицијата, за професионалниот исход од целата нивна акција, за смиреноста во самата фаза на ескалацијата. Со ова беше ставена на тест извршната власт, држава покажа дека функциоинира и ја поддржувам и МВР и истрага и сите оние кои се одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата, вели Димитриевски во гостување во Тема на денот на ТВ Сител.

Од политичи аспект, додаде тој, факт е дека повеќе од 20 години оние кои што влегоа со пушка во Собранието, тогашните претставници на АНА, ОНА, УЧК итн. и владееја повеќе од 20 години не се навикнати да бидат во опозиција и се обидуваат на разни начини да ја дестабилизаираат државата.

-Соживотот е нешто што се гради во континуитет и е многу кревок, а кај нас мултиетницизмот се подразбира само кога се барат одредени права за одредени помали заедници исклучувајќи го македонскиот народ, кој што, пак, од друга страна се чувствува како граѓанин од втор ред. И затоа ние како власт постапивме овој пат и не дозволивме полицајците да се самоповредуваат себе си со удирање во „Пајак“, туку си ја извршија професионално и чесно својата задача и државата покажа дека гради и ќе изгради целосен систем на контрола врз база на закони кои што ќе даваат еднакви права и можности за сите, но и обврски и казнивост за сите кои што се огрешиле од законот, вели Димитриевски.

Според него, во услови на поделеност на децата уште од предучилишна возраст, концептот за градење едно општество за сите е фикција, која ја наметнаа политичките партии и оваа власт има обврска да отпочне да го гради тоа мултиетничко општество преку обединување на сите на национално ниво а потоа и на мултиетничко ниво, и да почнеме, вели, децата да си ги растеме заедно како што своевремено растевме ние или нашите родители. Но, нагласи дека при тоа треба да се почитува законот и оти е недозволивува во училиштата каде се учи на албански јазик да нема ниту едно македонско државно знаме и де факто не функционираме, затоа се случуваат преседани како детската приредба во ОУ во Челопек.

Апелот на СДСМ за организирање на лидерска средба поради безбедносната состојба во земјава, по последните инциденти и сквернавењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, тој го оцени како класично политичко лицемерие и ловење евтини политички поени во овој момент, оти кога имало вакви слични појави во минатото кога тие биле на власт, вели, не преземале ништо.

Тој при тоа најави дека во текот на овој месец очекува лидерска средба во рамки на владеачката коалиција, која би ја свикал мандатарот. Иако се дел од владеашката коалиција, досега вели не разговарале со ВЛЕН.

-ЗНАМ е владин партнер и за партиципирање во власта има разговарано само со ВМРО-ДПМНЕ. Ги имаме усогласено политиките. Немаме разговарано со ВЛЕН и се надевам во следниот период отворено ќе седнеме и ќе разговараме, како и за истакнувањето на државните знамиња и симболи, рече Димитриевски.

Прашан за коментар дали има опасност од новото раководство на СДСМ за ЗНАМ, Димитриевски посочи дека ниту сега ниту во иднина не постои ни минимум простор за соработка со ваков СДСМ, бидејќи вели таа партија не се променила ниту милиметар, а ЗНАМ е нов политички субјект кој на 15 декември ќе одбележи една година.

-Истата политичка елита која што (СДСМ) го доведе на ова дереџе, денеска го управува далечински, а најголем дел од актерите кои што се во раководните органи и тела се всушност истите луѓе со исклучок на поединци, млади луѓе кои се ставени во прв план со цел да се прикаже наводно некоја промена или смена во менталниот склоп и матрицата на СДСМ, вели Димитриевски.

Според него, за да помине низ процес на реформа таа партија првично треба да ги промени сите членови во Парламент, бидејќи најголем дел од нив се луѓе кои бараа, вели заштита во пратеничките фотељи.

-За жал, тоа нема да се случи. Им посакувам успех, но многу се блиску до патот на ПАСОК во Грција, вели лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. вг/

Фото: МИА Архива

      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан