• понеделник, 23 декември 2024

Димитриевска: Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција

Димитриевска: Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) – Распуштање на Советот на јавни обвинители не е опција, затоа што најголемиот број од членовите на се избрани на непосредни избори од страна на јавните обвинител, изјави претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска. 

Прашана за тоа како гледа на најавите за реформи на судскиот и обвинителскиот совет, Димитриевска рече дека членовите на советот и досега учествувале во сите работни групи кои работата на измени на закони. 

-Советот на јавни обвинители ги остварува своите законски надлежности. Во однос на прашањето, сакам да појаснам дека членовите на советот и досега членуваа во сите работни групи коишто работат на измена на закони, а со цел подобрување на работењето и на самиот Совет и така и ќе продолжи и во иднина, изјави Димитриевска, во изјава за медиуми по свечената изјава на новоизбраните јавни обвинители денеска во Советот на јавни обвинители. аа/нд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан