• среда, 25 декември 2024

ДИК на Црна Гора: На претседателските избори до 15 часот гласале 43,76 отсто од гласачите

ДИК на Црна Гора: На претседателските избори до 15 часот гласале 43,76 отсто од гласачите

Подгорица, 19 март 2023 (МИА) - Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 15 часот на претседателските избори во Црна Гора гласале 43,76 отсто од гласачите, соопшти претседателот на ДИК, Никола Мугоша.

До 15 часот во Андриевица излегле 51,20 отсто од гласачите, во Бар 37,43 отсто, а во Беране 44,20 отсто, пренесува порталот РТЦГ.

Мугоша додаде дека во Бјело Поље гласале 42,33 отсто од гласачите, во Будва 44,88 отсто, во Цетиње 43,95 отсто, во Даниловград 52,15 отсто и во Херцег Нови 42,37 отсто.

 

Остани поврзан