ДИК и МИА организираат работилница за новинари за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024
- Целта на работилницата е да се унапреди процесот на информирање за време на изборниот процес преку развивање на практики што ќе го подржуваат демократскиот дух и меѓусебната соработка на ДИК и медиумите со акцент на улогата на новинарите и нивниот придонес во кредибилитетот и интегритетот на изборите како и придонес во транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.
Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) оваа година во соработка со Медиумската информативна агенција, денеска за прв пат организира работилница за новинари за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024.
Целта на работилницата е да се унапреди процесот на информирање за време на изборниот процес преку развивање на практики што ќе го подржуваат демократскиот дух и меѓусебната соработка на ДИК и медиумите со акцент на улогата на новинарите и нивниот придонес во кредибилитетот и интегритетот на изборите како и придонес во транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.
Работилницата ќе се одржи во просториите на Државната изборна комисија. ев/мд/
ФОТО: МИА