• вторник, 17 декември 2024

ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај

ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) -  Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 13 часот е 25,48 проценти, соопшти Државната изборна комисија. 

Од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 1150 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 3,71 проценти на овие избирачки места.

Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 325 гласачи, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1194 каде до 13 часот гласале 47 гласачи односно 15,77 проценти. 

-Во ИМ 2101 во Желино гласале 325 гласачи односно 32,73 проценти. Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 151 гласачи, односно 32,20 проценти. Во ИМ 1202 во Крушево гласале 47 гласачи односно 15,77 проценти. Во ИМ 1272 во Охрид гласале 185 гласачи, односно 26.02 проценти. Во ИМ 1470 во Долнени гласале 117 гласачи, односно 17,78 проценти. Во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 100 гласачи, односно 15,82 проценти. Во ИМ 1844 во Струга гласале 225 гласачи, односно 29,88 проценти, се наведува во соопштението на ДИК.фф/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан