• петок, 17 мај 2024

ДИК ги потврди листите на Родина Македонија во сите шест изборни единици

ДИК ги потврди листите на Родина Македонија во сите шест изборни единици

Скопје, 15 април 2024

 

На седница одржана на 12.4.2024 година ДИК ги потврди листите на Родина
Македонија во сите шест изборни единици.

На ждрепката одржана на истата седница, Родина Македонија го доби бројот
14 под кој ќе настапува на престојните парламентарни избори.

Воедно, сакаме да укажеме на доцнење на целиот процес на потврдување на
листите на кандидати.

Имено, иако партиите ги доставија листите на 2 април до 24:00, 10 дена
им требаше на институциите да ги потврдат истите и да се добие
потребниот број за учество на изборите. Тоа се само пет дена пред
официјалниот старт на кампањата со што се отежунува навременото
почнување на изборната кампања на поголем дел од партиите, затоа што
бројот под кој ќе се настапи на изборите игра клучна улога во печатење
на материјали за кампања, флаери, плакати, билборди, реклами, видео
спотови и слично.

Како и на минатите локални избори, така и на овие парламентарни избори
се продолжува практиката да се вршат промени на Изборниот законок кои
директно влијаат на правилата на изборите, со што се нарушува
рамноправниот старт и учество на изборите. Направена е промена во
Законикот каде што бројот кој го добиле партиите за претседателските
избори останува истиот и за парламентарните избори, со што се спојува
кампањата на претседателските и парламентарните избори.

Но и во такви нерамноправни услови Родина Македонија ќе учествува на
овие избори со единствена цел да се понуди комплетно нов светоглед за
Република Македонија.

Родина ја враќа Македонија!

Зоран Јованчев,
Претседавач на Претседателството
Политичка партија Родина Македонија
Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан