Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ
- Напаѓачот Диего Коста ќе се приклучи на Бешикташ. Според шпански „АС“, постигнат е договор меѓу турскиот клуб и фудбалерот.

Мадрид, 18 јуни 2021 (МИА) - Напаѓачот Диего Коста ќе се приклучи на Бешикташ. Според шпански „АС“, постигнат е договор меѓу турскиот клуб и фудбалерот.
Претходно беше објавено за интересот за играчот од страна на Палмеирас, Бока јуниорс, Сао Паоло, како и клубови од Англија и од Саудиска Арабија.
Триесет и двегодишниот Шпанец го раскина договорот со Атлетико Мадрид во јануари и сè уште е слободен играч. Тој игра за клубот од Мадрид од 2018 година.
Во сезоната 2020/21, Коста одигра седум натпревари и постигна два гола. зс/